ВИДЕО | Цел свет зборува за овој рецепт – торта „Ангелски солзи“

Фото: Принтскрин/Јутјуб/Gurman TV

Тортата „Ангелски солзи“ е специфична по тоа што кога ќе се излади, на врвот се појавуваат златни капки од кондензацијата, а овие капки се нарекуваат „Ангелски солзи“. Основата се прави од кратко тесто, филот е од сирење, а на врвот е целувка која едноставно се топи во уста.

Оваа торта е достојна за секоја прослава и слава, а еве како да ја направите.

Состојки:

Кора:

– 70 г ладен путер или маргарин
– прстофат сол
– 40 г шеќер или шеќер во прав
– 1 жолчка од јајце
– 110 г брашно

Фил од сирење:

– 400 г свежо сирење
– 100 г кисела павлака
– 1 лажица гриз
– 60 г шеќер
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– 2 жолчки

Целувка:

– 3 белки
– 2 лажици шеќер
– прстофат сол
– 1 лажичка ванилин шеќер

Подготовка:

За слојот од сирење, со миксер измешајте свежо сирење, павлака, шеќер, ванилин шеќер, жолчка и гриз.

За кората изматете го ладниот путер со брашното, шеќерот и малку сол во блендер додека не добиете трошки. Додадете жолчки и изматете го тестото. Ако тестото е премногу суво, можете да додадете малку крем или ладна вода. Ставете го тестото во фрижидер 10-15 минути. Потоа тестото распоредете го на дното на калапот. Избоцкајте го со вилушка. Намачкајте ги страните на калапот со путер или обложете со хартија за печење. Кората печете ја 10 минути на 180 степени. Извадете го калапот од рерна и ставете го филот со сирење. Печете уште 25-30 минути.

Изматете ги белките со прстофат сол, ванилиниот шеќер и обичниот шеќер додека не се формираат цврсти врвови. Ставете ги врз слојот со сирење и печете уште 10 минути.

Готовиот колач оставете го да се излади на собна температура. За тоа време, на површината на слојот од белките ќе се појават мали капки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот