ВИДЕО: Цел свет му се смее на дефанзивецот кој е платен 87 милиони евра, изгледаше како почетник

Мегваер има вина за сите четири голови кои ги прими Манчестер јунајтед во натпреварот со Лестер/ фото: EPA-EFE/Laurence Griffiths

Манчестер јунајтед загуби со 4:2 во дербито во Премиер лигата од Лестер, а вистински трагичар е најскапиот дефанзивец на сите времиња, Хари Мегваер, коиј веднаш стана мета за потсмев на социјалните мрежи.

Дури во сите четири примени голови свои удел имаше и Мегваер поради што се најде на удар на клупските легенди.

При првиот гол, Мегваер ја загуби топката на работ на казнениот простор, кај вториот не постави офсајд замка, додека при постигнување на третиот гол на Лестер, тој беше неодлучен дали да го нападне Џејми Варди кој потоа гол.

Но, при постигнувањето на четвртиот гол на Лестер, Хари Мегваер изгледаше како вистински почетник. Мегваер делуваше загубено во сопствениот шеснаесетник, немаше претстава што да прави и на крајот Лестер постигна лесен гол.

На социјалните мрежи се појави видео со наслов: Еве што ќе добиеме за 80 милиони фунти во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот