ВИДЕО: „Бувот“ во финишот се исплаши од „црвените бикови“, Краснодар во Лига Европа!

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Денеска во првиот натпревар од групата „Х“ во петтото претпоследно коло од Лигата на шампионите, исполнет со дури седум голови, со конечен резултат 3:4 триумфираше Лајпциг кај Башакшехир.

Во еден драматичен меч на стадионот „Фатих Терим“ во Истанбул популарните „црвени бикови“ со погодокот на Сорлот после асистенцијата на Поулсен успеа да дојде до три важни бода и одржување во трката за пласман во нокаут-фазата од елитата.

На табелата со по девет бодови водат Манчестер јунајтед и Лајпциг, следува ПСЖ со шест, а на дното е турскиот Башакшехир. Вечерва во дербито од 21.00 часот на „Олд Трафорд“ силите ќе ги одмерат „црвените ѓаволи“ и париските „светци“.

Во првиот меч од групата „Е“ Краснодар слави голема победа на домашен терен (1:0) против францускиот Рен.

Русите благодарение на погодокот на Берг  во 71 минута од средбата да го обезбеди третото место и така го продолжи меѓународниот настап во елиминациските борби на Лига Европа.

На табелата врвот го делат Челси и Севиља со по 10 бодови, и овие екипи од претходно веќе се промовираа како осминафиналисти во ЛШ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот