ВИДЕО | Бурнс: Навремената и точна информација во време на ковид-19, подразбира и зголемен ангажман

Динамиката со која што ја покриваме темата со коронавирус е навистина силна. За мене како новинар што има задача да ги следи дневните извештаи, проблемите со кои се соочуваат граѓаните и навистина за мене овој период претставува и зголемен ангажман, во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс.

-И покрај тоа што треба да ги следиме мерките за претпазливост и да се заштитиме од корона вирусот, сепак исто така мора да обезбедиме и навремена и точна информација и тоа често пати значи излегување на терен во болниците, контакти со извори. Но социјалните мрежи за мене овој период станаа многу добар, брз и ефективен механизам, преку кој сум контактирана, граѓаните делат информации, индиции и сознанија кои ми се од огромна помош- истакна новинарката на „Слободен печат“, Мирослава Бурнс.

-Динамиката на дневни интервјуа и лични средби е намалена, но информативниот аспект вооопшто не трпи поради тоа. Имам една солидна база на извори и контакти од секторот здравство, со кој сме во постојана телефонска комуникација. Здравствените власти се транспарентни и брзи за комуникација и тоа навистина ми ја олеснува работата, изјави новинарката на Слободен печат, Мирослава Бурнс и додаде дека е задоволна од фактот што текстови од Слободен печат придонеле за промени во општеството кога станува збор за ковид-19.

-Минатата недела МВР по мојот објавен текст дека во еден град во внатрешноста се употребуваат несоодветни и лажни тестови за ковид-19, веднаш реагираше, изврши претрес во домовите на лицата кои ги спороведувале тие незаконски активности и ги одзема лажните тестови. Интеесно е дека оваа конкретна ионформација ја добив по телефон од извор со кој што разговаравме за нешшто трето, вели Бурнс.

Разговорот со Бурнс погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот