ВИДЕО: Бунт против мобилизацијата во Русија, горат регрутни центри и државни објекти

Фото: Јутјуб/принтскрин

Повеќе од 20 објекти на државните и локалните власти, како и центри за мобилизација, се запалени во подметнати пожари изминатите денови во Русија, во знак на растечкиот гнев на Русите поради наредбата на претседателот Владимир Путин за мобилизација на нови 300.000 луѓе за војната во Украина.

Во последните пет дена, откако рускиот претседател Путин најави мобилизацијата, се одржаа низа протести против мобилизацијата, на кои беа приведени повеќе од 2.000 луѓе.

Алекс Роси, дописник на Sky News од Москва, пишува дека во Русија отпорот кон мобилизацијата, полека но сигурно расте. Тој наведува дека протестите се мали, но значајни, со оглед на фактот што се одржуваат во Путинова Русија, каде не се толерира непослушност. Има знаци и за посериозен бунт против мобилизацијата.

Еден офицер за регрутирање беше застрелан од непосредна близина во канцеларијата за мобилизација во сибирскиот регион Иркутск, потсетува Роси.

Сè уште нема значајно антимобилизациско движење, но колку подолго трае, толку е поголема веројатноста дека движењето ќе расте. Не е изненадувачки што Путин ја одложувал мобилизацијата, според Роси, кој ја опишува како „стратегија со висок ризик за него и неговиот режим“.

ВИДЕО: Руската полиција тепа жени на протестот против мобилизацијата во Дагестан, се појавија повици за општ бунт

Песков призна дека има грешки при мобилизацијата

Мобилизација во Русија: Дали Путин ќе заврши како Николај Романов?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот