ВИДЕО: Бундеслигата доби уште еден учесник во Лигата на шампионите

Баер Леверкузен следната сезона ќе игра во групите на ЛШ/Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Натпреварите од 33 коло во најсилната германска лига донесоа многу возбудувања, а по Баерн и Борусија Дортмунд, пласман во Лигата на шампионите обезбеди и Баер Леверкузен.

„Фармацевтите“ славеа со 4:2 на гостувањето кај Хофенхајм. Со оваа победа пред крајот на колото се зацврстија на третото место на табелата и можат мирно да го пречекаат Фрајбург.

Фрајбург беше поразен од Унион Берлин на домашен терен со 4:1, а овој резултат значи дека последното 34 коло ќе донесе крајно интересна завршница. Оваа екипа ја пропушти шансата да дојде на чекор до пласман во ЛШ.

Токму со победата во Фрајбург во борбата за место во европската елита се вклучи и Унион Берлин. Имаат 54 бода и чекаат да кикснат Лајпциг и Фрајбург.

Лајпциг утре ќе игра натпревар против Аугсбург. Со триумфот ќе се доближат до четвртата позиција, но во последното коло гостуваат кај Арминија која се бори за опстанок и ништо не им е загарантирано.

Келн ја пропушти шансата да се бори за четвртото место со поразот од Волфсбург со 1:0 на домашен терен, а во уште еден одигран натпревар Борусија Дортмунд го победи отпишаниот Фурт како гостин со 3:1.

Резултати од Бундеслигата:

Келн – Волфсбург 0:1
Фрајбург – Унион Берлин 1:4
Фурт – Дортмунд 1:3
Хофенхајм – Баер Леверкузен 2:4

Шанса за пласман во Лигата на шампионите имаат Лајпциг, Фрајбруг и Унион Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот