ВИДЕО | Бундеслига: Унион Берлин славеше во градското дерби и се израмни со Баерн на врвот

Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Во терминот од 15:30 часот попладнево во Бундеслигата се одиграа пет средби, а помеѓу нив беше и градското дерби помеѓу Унион Берлин и Херта.

Унион Берлин славеше победа против Херта и така се израмни со Баерн на врвот на табелата. Првиот гол фаворитот на овој натпревар го постигна пред крајот на првиот дел преку Даниоло Доеки. Предноста ја дуплираше Пол Сегин.

Со овој триумф Унион Берлин ја продолжува трката со Баерн за титулата во Бундеслигата, додека Херта остана претпоследна на табелата. Баерн на врвот има 36 бода колку и Унион Берлин, Лајпциг е трет со 35, додека Фрабург четврти со 34.

Во останатите натпревари Борусија Менхгладбах беше убедлива против Хофенхајм со 4:1, Мајнц во голеадата со Бохум славеше со 5:2, Вердер Бремен со 2:1 го совлада Волфсбург, а Фрајбург дома триумфираше со Аугусбург 3:1.

Баерн од 18:30 часот го игра својот натпревар против Ајнтрахт Франкфурт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот