ВИДЕО | Бугарските обвинители со нови детали за несреќата: Откриени можните причини зошто пожарот брзо се разгорел

Македонски автобус Бугарија
Запалениот македонски автобус во Бугарија / Фото EPA-EFE/VASSIL

Позната е причината за пожарот и локацијата на неговиот првичен извор во автобусот со македонски туристи на враќање од Истанбул, што се случи на автопатот „Струма“, изјавија за БТВ обвинителот Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата.

Маријан Маринов одби да ја открие причината за пожарот и рече дека „ќе им остави на експертите“ кои веќе имаат свои „тези“. Но, истражителот коментира дека во македонскиот автобус било „нанижано“ големо парче заштитна ограда за гумата до влезната врата, била пронајдена „свиткана хармоника“ и „уништена е пластичната цистерна“.

– Можете да замислите какво триење и искри имало, рече Михаилов.

Истражителот додаде дека автобусот бил стар и „рециклиран“ во Турција и дека целата опрема му е заменета и допрва треба да се разјасни дали новиот е „нефабрички“.

Нивното целосно гостување во емисијата „Лице в лице“ погледнете го тука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот