ВИДЕО: Бугарија ја поддржа Албанија, но стави вето на Македонија

Бугарија ја поддржа преговарачката рамка за членство на Албанија во ЕУ, но не и онаа на Северна Македонија, соопшти попладнево на брифинг, бугарската министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, пренесе Nova.bg.

Одлуката ќе ја претстават како што рече на средбата на европските министри што ќе биде онлајн.

-Ја изразив позицијата на Бугарија дека ние можеме да ја одобриме преговарачката рамка со Албанија, бидејќи сме уверени дека ги исполниле поголемиот дел од условите, кои им беа поставени во март- изјави Захариева.

Во оваа етапа, според неа, Бугарија не може да ја поддржи преговарачката рамка за Северна Македонија.

-Предлогот за одобрување не ги изразува бугарските барања и затоа не може да биде поддржан во моменталната форма- рече Захариева, додавајќи дека позицијата на нејзината земја е базирана на рамковната позиција од парламентот.

Ние инсистиравме на три основни услови да бидат поставени во преговарачката рамка. Првиот е придржување до формулата за јазикот од 1999 година, временска рамка за имплементација на Договорот од 2017 и многу јасна определба дека нема да се поддржуваат претензиите за македонско малцинство во Бугарија. Овие услови се уште не се вклучени“, објасни Захариева.

Таа истакна дека Бугарија е отворена да ги продолжи разговорите за наоѓање на решение, преку преговори во кои ќе постои желба и компромис од обете страни.

Според неа, треба да се вложат повеќе напори во преговорите, бидејќи, како што рече, „поентата на подготовката за членство е да се направи Унијата посилна.

– Ако на масата на ЕУ има нерешени прашања, како што има меѓу некои земји членки, тоа нема да ја направи ЕУ посилна, нагласи Захариева.

Земјите-членки попладнево треба да дебатираат за Северна Македонија и за Албанија, но не се очекува да биде донесена одлука на денешниот состанок за усвојување на преговарачката рамка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот