ВИДЕО: Бруклин го доживеа најтешкиот пораз во последните девет години во НБА лигата

Кошаркарите на Бостон убедливо славеа против екипата на Бруклин со конечен резултат 139:96 доцна синоќа во НБА лигата.
Тоа беше најголемиот пораз за Нетси во последните девет години, откако во февруари 2014 година загубија од Портланд со 44 коша разлика.
Бостон до триумфот беше предводен од Тејтум кој постигна 31 поен (девет скокови, четири асистенции), следен од Браун со 26 поени. На спротивната страна Ирвинг блескаше со 20 поени (по четири скокови и асистенции), додека Томас запиша 19 поени.
На табелата во Источната конференција води Бостон (37-15), а Бруклин е на четвртата позиција (31-20).
НБА лига, резултати –
Мемфис – Портланд 112:122
Филаделфија – Орландо 105:94
Бостон – Бруклин 139:96
Хјустон – Оклахома 112:106
Минесота – Голден стејт 119:114, 110:110 (по 1 продолжение)
Сан Антонио – Сакраменто 109:119
Јута – Торонто 131:128
Феникс – Атланта 100:132