ВИДЕО: Бруклин го доби дербито во Источната конференција

Кевин Дурент и Џејмс Харден го предводеа Бруклин до нова победа во НБА лигата/ фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Во натпреварот на двете најдобри екипи во Источната конференција, кошаркарите на Бруклин нетс остварија убедлив триумф од 138:112 над Чикаго булс.

Бруклин кој прв пат сезонава настапи со трите супер ѕвезди, Кевин Дурент, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг, дилемите околу победникот ги реши со серијата 25:2 која траеше во третата и четвртата четвртина.
Дурент постигна 27 поени, додека Харден имаше учинок од 25 поени и 16 асистенции. Во редовите на Чикаго се истакнаа Зек Лавин со 22 и Демар Дерозан со 19 постигнати поени.


Далас маверикс ја прекина серијата од шест победи и загуби од Њујорк никс со 108:85. Предводници на Њујорк во победата беа Ар Џеј Берет со 32 и Мичел Робинсон со 19 поени, додека кај Далас најдобар беше Лука Дончиќ со 21 поен.

Мајами Хит благодарение на серијата од 16:0 на стартот од третата четвртина дојде до победа над Атланта хоукс од 115:91. Тајлер Хироу беше најдобар кај Мајами со 21 постигнат поен.


Сакраменто кингс со 125:116 го совлада ЛА Лејкерс кој продолжува со топло-ладно игрите,  додека Кливленд ја изненади Јута и ја совлада со 111:91.


Резултати:

Индијана – Бостон 100:119
Филаделфија – Шарлот 98:109
Вашингтон – Орландо 112:106
Атланта – Мајами 91:115
Сан Антонио –Хјустон 124:128
Јута –Кливленд 91:111
Чикаго – Бруклин 112:138
Сакраменто – ЛА Лејкерс 125:116

 

Видео на денот