ВИДЕО | Брук Шилдс ја скрши бутната коска: Сподели видео на кое се обидува да оди

Instagram
Instagram

Актерката Брук Шилдс ја скршила бутната коска. Иако не открива како настанала повредата, актерката се обидува да остане позитивна дури и во вакви тешки моменти.

Таа објави видео на својот инстаграм – профил во кое полека учи да оди со помош на патерици, а во описот на видеото објасни зошто користи патерици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)


Ја скршив бутната коска. Почнувам да се опоравувам. Без оглед на предизвикот со кој се соочувате, одберете нешто позитивно за себе и продолжете напред, напиша Брук.

Актерката често објавуваше заводливи фотографии во костими за капење на социјалните мрежи. Фановите ја пофалија дека изгледа одлично за нејзините години.

Откако влезе во шестата деценија од животот, Брук откри дека и било потребно уште малку време за целосно да го засака своето тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooke Shields (@brookeshields)


Ги носев оние големи костими за капење со цел да покријат поголем тел од моето тело. Моите ќерки ми велеа дека изгледам смешно. Некако изгледаше како да се гледам низ нивните очи и само си го покрив задникот. Работи на кои никогаш не би се фокусирала во мојот живот. Јас имам 55 години и велам: „Чекај малку, жените во педесет години сè уште „не се за фрлање“, изјави неодамна за списанието „People“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот