ВИДЕО | Брнабиќ: Ги исполнивме сите барања од еколошките протести и ставивме крај

Српската премиерка Ана Брнабиќ / Фото EPA-EFE/EKATERINA SHTUKINA / SPUTNIK / GOVERNMENT PRESS SERVICE POOL MANDATORY CREDIT

Владата на Србија вечерва ја укина уредбата за Просторниот план на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот за експлоатација и преработка на јадарит руда, со која, според премиерката Ана Брнабиќ, се поништени сите управни акти поврзани со компанијата „Рио Тинто“ и нејзината ќерка компанија „Рио Сава Експлорејшн“.

– Поништени се сите решенија, сите дозволи, изави српската премиерка по владината седница на вонредна прес-конференција.

Таа додаде дека е укината Работната група за спроведување на проектот Јадар, со што, како што рече, се исполнети сите барања на еколошките протести и „се стави крај на ‘Рио Тинто’ во Србија“.

– Со ова сѐ што се однесува на проектот Јадар и „Рио Тинто“ сѐ е завршено, изјави таа, јави Бета.

Движењето „Еколошко востание“, кое обединува организации, здруженија и групи граѓани, веќе неколку месеци протестира со блокади на патиштата, инсистирајќи да се прекине проектот за истражување и ископ на литиум во Србија и да се укинат сите дозволи и да се раскинат сите договори.

Тие упатија до Владата ултиматум сите тие документи да бидат јавно објавени.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот