ВИДЕО: Британскиот писател Салман Ружди избоден со нож во Њујорк

Фото Колаж/ Принтскрин

Британскиот писател со индиско потекло Салман Ружди денеска бил нападнат на настан во западниот дел на државата Њујорк, јавија локалните медиуми.

Полицијата во округот Читаква, каде што требало да зборува Ружди, потврди дека еден човек е избоден со нож, без да го идентификува.

Американски медиуми јавуваат дека Ружди бил прободен со нож во вратот и итно бил пренесен во болница.

75-годишниот Ружди е познат по неговата книга „Сатански стихови”, која е забранета во Иран од 1988 година.

Писателот во Велика Британија беше принуден да се крие една деценија откако иранскиот ајатолах Хомеини издаде верски декрет (фатва), со кој им нареди на верниците да го убијат писателот поради наводната навреда на исламот во романот.

Во 1998 година, иранската влада објави дека не ја поддржува фатвата, но и дека нема да ја повлече.

Според исламската доктрина, еднаш изречената фaтва никогаш не може да се повлече, особено ако верскиот лидер што ја изрекол починал во меѓувреме, како што беше случајот со Хомеини (1902-1989).

Ружди влезе во светот на литературата во 1981 година со романот „Децата на полноќта”, сместен во неговиот роден Мумбај, чие дејство започнува на полноќ на 15 август 1947 година, во моментот кога Индија се стекнува со независност од Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот