ВИДЕО | Британка се збогатила со нетипична идеја: Им дава имиња на кинески бебиња

Фото: Принтскрин

Иако има само 20 години, Англичанката Бо Џесап открила нова идеја за на пазарот: смислува англиски имиња за деца на Кинези. На овој начин таа веќе заработила 420.000 евра и сама ги финансира студиите на колеџ.

Многу богати Кинези сакаат да ги испратат децата во угледни училишта и универзитети на Западот, каде кинеските имиња, кои се „речиси невозоможни за изговор“, претставуваат проблем. Овде на сцена стапува младата Британка, која избира убави имиња за децата.

Заради силната цензура луѓето не можат самите да бараат имиња на интернет или телевизија. Мејл адресата може да биде само на латиница, па тоа е и една од причинита зошто Кинезите сакаат „западни“ имиња за своите деца.

Бо идејата за бизнис ја добила од колешка на нејзиниот татко која била од Кина, а таа ја запознала кога била во посета на земјата. Таа тогаш ја прашала какво англиско име би избрала за нејзината тригодишна ќерка. Бо која тогаш имала 16 години, и побарала особини кои мајката би сакала нејзината ќерка да ги има, па на основа на тоа го предложила името „Елајза“ по херојката од филмот „My fair Lady“, Елајза Дулитл, паметна и силна жена, подготвена да се бори за себеси.

– Таа се воодушеви и веднаш го прифати мојот предлог, вели Бо.

Бо, која научила да чита, пишува и зборува на кинески, бидејќи седум години го учела во училиште, малку истражувала и дознала дека не постои компанија која се занимава со наоѓање имиња за Кинези. Таа го убедила татко и Пол, кој исто така е претприемач, да и позајми 1.500 фунти, па поголемиот дел од парите го искористила за правење сајт, а остатокот го вложила во реклама на најголемата социјална мрежа во Кина, „WiiChat“.

Во последните четири години, Бо, чија компанија се вика „Special Name“, им дала име на повеќе од милион деца, околу 850 дневно. Моментално, таа работи на алгоритам кој на основа на карактерните особини на детето исфрла околу три предлози за име, пренесуваат странските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот