ВИДЕО: Британците го прославија крајот на „локдаунот“ во преполни пабови, како стигнаа до таму?

Фото: ЕПА

Во Велика Британија во последните денови конечно се шири оптимизам. Островските медиуми јавуваат дека во лондонски Сохо завладеало вистинско расположение за забава кога на почетокот на неделата на сила стапи втората фаза од попуштање на епидемиолошките мерки.

Масите беа преполни со луѓе кои и покрај заладеното време, сакале да го пијат своето прво пиво или да го јадат првиот оброк на отворено во последните неколку месеци. Многу од нив дури и заиграле на улиците.

Како една од најпогодените земји од ковид-19 стигна до славење?

Како Велика Британија, една од најпогодените земји од ковид-19, со околу 4.4 милиони потврдени заразени и 127.161 починати, успеа да стигне до славење.

Како што покажуваат деталите на сајтот „Our World in Data“ и „Worldometer“, бројот на новозаразени во таа земја падна од над 60.000 дневно на почетокот на јануари, на под 2.000 во последните денови. Посебно охрабрува фактот дека бројот на смртни случаи на почеток на април падна на под 50 дневно, додека уште во средината на јануари често надминуваше 1.500.

Британците тој успех го остварија со комбинација на масовна кампања на вакцинација и строги мерки на заклучување. Велика Британија е еден од светските лидери во вакцинација. Досега вкупно се примени околу 60 дози на 100 жители.

Тоа значи дека се вакцинирани околу 48.4% од жителите со една доза, а околу 11.8% со двете. Намалувањето на бројот на смртни случаи се должи на вакцинирање на ризичните групи.

Извор: Индекс.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот