Фото: EPA-EFE/LUKAS COCH

ВИДЕО: Бразилски тинејџер го елиминираше Рубљов од Австралија Опен

Рускиот тенисер Андреј Рубљов го заврши настапот на првиот грен-слем во сезоната и денеска беше елиминиран од 18-годишниот Бразилец, Жоао Фонсека.

Фонсека издоминира против Русинот и не му дозволи да освои ниту еден сет. Првиот и третиот сет Бразилецот ги доби со по 7:6, додека вториот сет го освои со 6:3.

Во второто коло противник на Фонсека ќе му биде Италијанецот, Лоренцо Сонего кој во денеска беше подобар од ветеранот Стен Фавринка.

Треба да се каже и дека Фонсека важи за еден од најталентираните тенисери во овој момент, а тоа го докажа и минатата година кога го освои турнирот до 21 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот