ВИДЕО | Инфлуенсерска спречена да лета со авион поради дебелината

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Бразилката Јулијана Неме им се пожали на своите следбеници на Инстаграм за ситуацијата во која неодамна се нашла, а која ја опиша како понижувачка.

Плус-сајз инфлуенсерка по потекло од Бразил била понижена на аеродромот во Либан кога сакала да се качи на нејзиниот повратен лет за Бразил. Како што споделила на својот профил, персоналот не и дозволил да се качи во авионот бидејќи, како што тврделе, била „преголема“ за седиштето за кое купила билет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juliana Nehme (@juliananehme)


Оваа 38-годишна инфлуенсерка била на одмор со своето семејство, а во Либан отпатувала со „Air France“, додека за враќање го избрала „Qatar Airways“.

„Дојдов со „Air France“ и се беше добро за време на летот. Пристигнав во економска класа и не доживеав никаков срам или дискриминација“.

Меѓутоа, кога по одморот сакала да се врати во Бразил преку аеродромот во Доха, персоналот на „Qatar Airways“ одбил да ја прими на летот за кој имала уредно платена резервација.

„Ми рекоа дека не сум добредојдена бидејќи сум дебела. И не сакаа да ме пуштат на летот.

И понудиле да купи билет од 2.900 евра за прва класа каде што има места „во кои таа може да ги собере“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juliana Nehme (@juliananehme)


Јулијана не сакала да го плати понудениот билет за прва класа. И по неколкучасовни преговори и молби, персоналот не и дозволил да се качи на летот и таа останала во Либан. Нејзината сестра и братучетка се качија на летот, а мајка и остана со неа, бидејќи Јулијана не зборува ниту англиски ниту арапски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juliana Nehme (@juliananehme)


Инфлуенсерката се пожалила дека поради непланираниот престој има дополнителни трошоци за хотелско сместување и такси услуги.

„Бев крајно понижена пред сите луѓе на аеродромот! Се затоа што сум дебела. Срамота е за компанија како „Qatar Airways“ да дозволи ваква дискриминација”, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот