ВИДЕО: Браво дијаманту, Елмас уште во првата минута стрелаше за Наполи во Лига Европа

елиф елмас
Наполи и Елиф Елмас имаат голема пречка во Лига Европа/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Денеска на програмата се натпреварите од второто коло од групната фаза во фудбалската Лига Европа, а помеѓу нив и оној на стадионот „Диего Армандо Марадона“ помеѓу Наполи и Спартак Москва.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е стартер на овој меч против руската екипа и веќе во првата минута донесе водство за „наполитанците“.

Во првиот напад на италијанскиот клуб топката во шеснаесетникот на гостите дојде до нашиот играч Елмас кој ја затресе мрежата на Максименко за водство од 1:0 после само 11 секунди игра, како што тврди УЕФА.

Потсетување дека на првиот дуел Наполи сезонава во ЛЕ ремизираше на гости кај Лестер (2:2).

На видео записот можете да го погледнете голот на Елмас против Спартак Москва:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот