ВИДЕО: Браво „Дијаманту“, Елмас стрелаше за прва победа на Наполи

елиф елмас
Наполи и Елиф Елмас имаат голема пречка во Лига Европа/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Започнаа првите натпревари во новата сезона од најсилната италијанска Серија А, Наполи на својот стадион „Диего Армандо Марадона“ во Неапол со 2:0 ја совлада Венеција.

Тренерот на „наполитанците“, Лучано Спалети одлучи Елиф Елмас да се најде клупата за резервни играчи на вечерашната пресметка, но не за долго.

Во 23 минута домаќините останаа без еден играч на теренот поради црвениот картон на Осимхен, а во 35 минута Спалети одлучи да го внесе во игра Елмас како замена за Зиелински.

Мируваа мрежите во првото полувреме, во 56 минута беше досуден пенал за Наполи после играње со рака во казнетиот простор на Венеција, истиот не успеа да го реализира Инсиње.

Во 62 минута уште еден пенал за Наполи, повторно поради играње со рака, овојпат Инсиње беше прецизен и стрелаше за предност од 1:0.

Домаќинот кој ја имаше фаворитската улога успешно се справуваше на теренот и со играч помалку, и при таква ситуација дојде до уште еден погодок реализиран во 73 минута на Елмас кој направи еден дриблинг и успеа со убав удар да го пронајде патот до мрежата на финскиот голман Маенпаа. 

Во следното коло Наполи ќе игра на гостински терен кај Џенова на Горан Пандев на 29 август.

Се одигра денеска уште еден меч, Рома на „Олимпико“ со 3:1 славеше над Фиорентина, а претходно Јувентус ремизираше со Удинезе.

Миовски со нов гол против Ујпешт пред репрезентативните обврски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот