ВИДЕО: Браво „дијаманту“, Елмас со прекрасен гол во триумфот на Наполи!

елиф елмас
Елиф Елмас еден од клучните фудбалери на Наполи/Неапол, Италија/Фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Во рамките од 20 коло во Серија А екипата на Наполи на домашен терен со 2:0 успеа да ја совлада Парма.

Првиот гол беше ремек дело на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој издрибла неколку противнички играч и го пронајде патот до мрежата за водство на „наполитанците“ од 32 минута на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

За нашиот играч ова е вкупно втор гол сезоната во најсилното италијанско првенство во 16 настапи за својот клуб. Елмас настапи до 77 минута кога беше заменет од албанскиот интернационалец Елсеид Хисај, а пет минути подоцна конечниот епилог го постави Матео Политано.

После 12 триумф во шампионатот Наполи се наоѓа на четвртото место со 37 бодови, зад Милан (46), Интер (44) и Јувентус (39). На 6 февруари во наредната лигашка рунда Елмас го очекува македонски дуел против Џенова на нашиот Горан Пандев.

Кога сме кај Џенова, таа денеска со 0:3 славеше кај Кротоне, Пандев настапи од 71 минута, а Илија Несторовски од клупата го гледаше триумфот на неговиот Удинезе против Специја (0:1).

Во другите два меча, Каљари ремизираше со Сасуоло (1:1), а Лацио ги освои трите бода во Бергамо совладувајќи ја Аталанта (1:3).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот