ВИДЕО | Братот на Јанис ги загуби нервите и со глава го удри Грифин

Фото: Screenshot_

Најдобриот тим на Истокот, Милвоки Бакс изминатата вечер претрпе убедлив пораз од Бостон Селтикс со 99:140. Ваквиот резултат донесе голема нервоза кај кошаркарите на лидерот на табелата, а тоа резултираше со еден неспортски потег.

Танасис Антетокумпо, братот на Јанис влезе во еден конфликт со Блејк Грифин кој претходно не се однесуваше спортски и направи прекршок врз него. Лутината Танасис ја изрази со удирање со глава на ривалото, па заслужено беше исклучен.

Инцидентот се случи кога натпреварот веќе беше одлучен на нецели две минути пред крајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот