ВИДЕО | „Брате, виток си и згоден, ама Лос Анџелес гори!“ ТВ-водителот исмејуван поради штипката на јакната

Водителот на ABC News, 51-годишниот Дејвид Муир е исмејуван на социјалните мрежи како „патетичен“ и „нарцисоиден“ затоа што користел штипка за да ја затегне својата огноотпорна јакна додека емитувал од местото на смртоносните шумски пожари во Лос Анџелес.

„Како што можете да видите овде зад мене…“, вели Муир додека се врти и покажува кон остатоците од пожарот зад него. Додека гледа зад него, на задната страна од јакната јасно се гледа дрвена штипка за алишта.

„Убава јакна, брат. Мило ми е што изгледаш убаво и витко со тие штипки за алишта додека нашиот град гори до темел“, напиша музичкиот продуцент Џек Озборн.

И други корисници коментираа – нарекувајќи го Муир – нарцисоиден.

„Покажува кои се неговите приоритети… тој е дефинитивно типот во теретана кој не може да престане да се гледа во огледало“, напишал еден корисник на X.

Некои најдоа и логично објаснување.

– Тоа е всушност паметно. Ветерот дува и не му ја виори јакната. Не ми се допаѓа премногу, но тоа е добар трик – напишал еден корисник.

Во негова одбрана излегоа некои негови колеги водители – кои рекоа дека често „си помагаат“ со штипки кога снимаат на терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот