ВИДЕО: Брансон и Дончиќ го водеа Далас до победа против Феникс

Словенечката ѕвезда на Далас маверикс, Лука Дончиќ/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Првата победа во полуфиналната плеј-оф серија во Западната конференција ја запишаа Маверикси на домашен терен со 103:94 против Феникс.

Тимот од Тексас со овој триумф ја намали предноста на ривалот на 2:1, па во следниот натпревар пред своите навивачи ќе има шанса да дојде до израмнување во серијата.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џејлен Брансон со 28 поени, а најблиску до него беше Лука Дончиќ со коша помалку, Словенецот имаше и 13 скокови и девет асистенции.

На спротивната страна кај Санси Џеј Краудер се истакна со 19 поени, следен од Девин Букер кој запиша 18.

И Филаделфија намали во серијата против Мајами, најмногу благодарение на Денис Грин и Тајрис Макси со по 21 поен, а по повредата се врати Џоел Ембид кој имаше „дабл-дабл“ учинок од 18 поени и 11 скокови.

НБА плеј-оф, резултати –

Филаделфија – Мајами 99:79 (1:2)
Далас – Феникс 103:94 (1:2)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот