ВИДЕО | Божиновски: Кандидатите за градоначалници потфрлија и затоа се врзаа за централната власт

проф. Владимир Божиновски / Утрински брифинг

Што може да се заклучи од распоредот на гласовите на последните локални избори, во Утрински брифинг за коментар го прашавме проф. Владимир Божиновски од Правниот факултет и експерт за истражување на јавното мислење. 

-Тоа што се случи меѓу двата изборни круга беше очекувано. Кога во прв круг ќе се дефинира некој победник, еуфоријата му помага да добие дополнителни гласови. Така што, овие резултти беа и очекувани, вели Божиновски.

СДСМ примени стратегија со објава на државјанството на Арсовска и со најава за оставка на Заев.

-Првото немаше влијание затоа што беше очигледно дека е во функција на предизборната кампања. Да беше објавено пред три недели па да имаше време да се провери, тоа е веќе друго. Дури сега ќе можеме да видиме дали е тоа вистина или не. Не може да очекувате ефект ако извадите нешто што не е поврзано со работата на идниот градоначалник. Второто, за оставката, веќе имаше влијание. Но повеќе на оние кои сакаа да гласаат против. Јас не би советувал некого да направи ваков чекор. Немаше потреба локални кандидати да ги идентификуваат со централната власт, вели Божиновски и појаснува дека причината за тоа, според него, е што градоначалниците потфрлија.

-Многу е лесно да ги отворите националните теми кога имате партнер од другата страна. Опозицијата беше поподготвена за овие избори, вели Божиновски.

-После избори не се прават истражувања на јавното мислење, оти народот сака малку мир. Такви резултати е прашање колку би биле релевантни. Но, потоа, веројатно е добро да се види што очекуваат граѓаните.

Трендовите тешко се менуваат во социологијата и политиката. Резултатите од локалните избори ќе се рефлектираат врз владата. Па прашање е дали владата ќе успее воопшто да се одржи во следните две години. Мој предлог беше концентрациона влада, но тоа тешко дека ќе се направи, анализира Божиновски.

Целата анализа на тоа како ќе се одразат локалните избори на национално ниво, погледнете ја во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот