ВИДЕО | Бостон вторпат го победи Мајами и ги задржа надежите за пресврт каков што немало во НБА

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER SHUTTERSTOCK OUT

Majaми Хит не успеа да се пласира во финалето на НБА лигата, Бостон во петтиот натпревар славеше победа и намали на 3:2 во серијата.

По почетните 0:3 Селтикси возвратија со две победи и ги задржија надежите за историски пресврт. Прво славеа со 116:99, а сега со 110:97 на домашен терен. Бостон одлично го отвори натпреварот и уште на почетокот на втората четвртина имаше водство од 38:20, а потоа пред полувремето поведе со 61:41.

Мајами никако не успеваше да се врати, па Бостон во последната четвртина водеше со највисоки 96:72, во финишот гостите успеаа само да го ублажат поразот.

Селтикси имаа многу повеќе расположени играчи па така четворица беа на 20+ поени. Вајт беше најефикасен со 24, Смарт 23, а Тејтум и Браун додадоа по 21. Кај Мајами беше најефикасен Робинсон со 18, Џими Батлер додаде скромни 14.

Во НБА лигата 150 пати се случило еден тим да има предност од од 3:0 во серијата и во ниту една ситуација противникот не успеал да се врати и да излезе како победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот