ВИДЕО | Бостон со пресврт победи против Мајами и не дозволи „метла“

Кошаркарите на Бостон не дозволија „метла“ и во финалната серија на Истокот откако претходно Денвер тоа го направи со Лејкерс на Западот.
Мајами победи во првите три натпревари со Бостон, но изминатата вечер Селтикс славеа со 116:99 и така намалија на 3:1. Натпреварот беше во третата четвртина во која Бостон во три минути направија серија од 18:0 и ја најави победата. Таа предност Бостон не ја испушти во последниот период и не дозволи „жешките“ да закажат уште сега финале против Денвер.
Бостон се надева на пресврт, меѓутоа колку е тешко тоа да се направи покажува податокот што 150 екипи во историјата на НБА имале заостаток од 0:3 во плеј-офот и ниту една екипа не успеала да направи пресврт за аналите. Новата битка во која Бостон повторно ќе игра да остане во „живот“, а Мајми за НБА финале е закажана за во петок наутро.
Најефикасен во редовите на Бостон беше Џејсон Тејтум кој постигна 33 поени, 11 скокови и седум асистенции, Џејлен Браун додаде 17, а Дерик Вајт 16. Во редовите на Мајами Џими Батлер уфрли 29 поени, додавајќи девет скока и пет асистенции.