ВИДЕО | Бостон немаше сили за историски пресврт, Мајами закажа финале со Денвер

Фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Majaми не дозволи да видиме историски пресврт и во „мајсторката“ го совлада Бостон со 103:84 за 4:3 во серијата и финале против Денвер.

Бостон од негатива 3:0 дојде до 3:3, меѓутоа не успеа да направи нешто што досега не му успеало на никој друг претходно. Во историјата НБА лигата претходно 150 екипи во плеј-офот имале заостанување од 3:0 и ниту една не успеала да излезе како победник.

Од друга страна Мајами се избори за финале откако до плеј-офот влезе како осмопласирана екипа на Истокот и тие се прв тим во 21. век и втор по Њујорк Никси во 1999. година.

Тежок удар за Бостон беше повредата на Џејсон Тетјум уште на стартот од натпреварот. Остана на паркетот до крајот Тејтум, но можеше да се забележи дека не може да игра како вообичаено. Мечот го заврши со 14 поени и 11 скока.

Џими Батлер од Мајами беше најефикасниот на средата со 28 поени, тој ја доби и наградата за МВП во финалето на Истокот. Во редовите на Бостон Џејлен Браун беше најефикасен со 19 поени.

Битката за титулата помеѓу Денвер и Мајами започнува ноќта помеѓу четврток и петок во Колорадо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот