ВИДЕО | Бошковски: За да имаме квалитетна репрезентација разликата во клубовите мора да ја прават македонските играчи

Нормално е дека нацијата која гледа ракомет сака борбеност и победи. Во овој момент има промена на генерација (што треба да се направи порано) и доаѓаме во ситуација каде полека полека треба да направиме промени. За тоа е потребно време. Дека каскаме зад европскиот ракомет, мислам дека да. Проблемот е во клубовите. Децата ги учиме на техники и тактики, а не на некои основни работи. Истите тие млади играчи кога доаѓаат на големи настани, ја имаат „рипнато азбуката“ очекуваме нешто што апсолутно не можат да го дадат, изјави во Утрински брифинг, ракометниот тренер Андон Бошковски.

-Вардар беше шампион на Европа во која доминантна улога имаше Стоилов, како македонски продукт и што друго освен него? Затоа кога го збориме Металург во најголем удел во тоа што го правеа беше трасирање на патот на младите, имаа битна улога во тој клуб и така имаш право да се надеваш на успех на национално ниво, вели Бошковски.

Целиот разговор со ракометниот тренер Бошковски погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот