ВИДЕО: Бонучи со два гола од пенал му пресуди на Лацио

Втора победа по ред за Јувентус во Серија А/ фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Фудбалерите на Јувентус ја остварија втората победа по ред во Серија А откако вечерва во дербито на 13 коло со 0:2 го совладаа Лацио во Рим.

Двата гола за „старата дама“ ги постигна капитенот Леонардо Бонучи и тоа од пенал.

Првиот гол, Бонучи го постигна во 23 минута, додека конечниот резултат го постави на седум минути пред крајот на натпреварот. Со оваа победа, Јувентус се израмни со Лацио на петтата позиција на табелата со по 21 освоен бод.