ВИДЕО: Болдвин сега тврди дека не го повлекол чкрапалото

Алек Болдвин
Алек Болдвин/ Фото EPA-EFE/ALEC TABAK /

Актерот Алек Болдвин во интервју му кажал на Џорџ Стефанопулос од Еј-Би-Си Њуз дека „нема поим“ како се нашла муницијата на сетот на филмот „Раст“ и дека „не го повлекол чкрапалото“ на пиштолот од кој беше убиена директорката на фотографија, а беше ранет режисерот.

Никогаш не би вперил пиштол кон некого и би го повлекол чкрапалото. Никогаш – рече Болдвин во интервјуто што ќе се емитува во четврток.

На 21 октомври, Болдвин држеше револвер за време на пробата за снимањето на „Руст“ на ранчот Бонанца Крик во Њу Мексико, кога пукаше од пиштол, убивајќи ја снимателката Халина Хачинс и ранувајќи го режисерот Џоел Соуза.

Болдвин, кој е и продуцент на филмот, во интервјуто зборува за тоа што се случило кобниот ден и тврди дека немал причина да се сомнева дека во пиштолот имало муниција.

Се сеќавам на тоа и се прашувам што можев да направам. Таа беше сакана и почитувана од сите што работеа со неа. И сега ми е тешко да разберам дека ја нема. Тоа не ми изгледа реално“, вели Болдвин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот