ВИДЕО | Бојчев: Зошто нè прислушкуваат телефоните?

Еден од најголемите феномени за кој луѓето најчесто зборуваат е прислушкувањето на паметните телефони. Како одговор на ова, технолошките компании најчесто даваат дека тоа го прават за да им се овозможи полесен пристап на луѓето до информациите и податоците кои ги бараат.
Но, секогаш се поставува прашањето, дали постои некаква злоупотреба со личните податоци на луѓето, кои често се оставаат на интернетот, и приватноста која тие треба да ја имаат?
Технолошките гиганти како „Епл“ и „Самсунг“ често се децидни на ова прашање. Тие често сугерираат дека доколку луѓето не сакаат да добиваат помош од нивните алатки, можат едноставно да го исклучат од нивниот уред.
Сè започна во 2011 година, кога „Епл“ на своите уреди ја вгради алатката „Сири“, која се смета за помагало на клиентите. Исти такви чекори преземаа и „Андроидите“, кои отидоа чекор понатаму, и имаа свој апарат наречен „Алекса“.
Како поминува времето и како технологијата се развива, мобилните телефони се чини дека бараат поголеми сè повеќе податоци од корисниците, за кои наведуваат дека само ќе им помогне во користењето, но постојат различни теории за тоа колку всушност тоа е вистинито.