ВИДЕО | Богојески: Треба да ги ослободиме Бугарите од стравот од македонизмот

Петар Богојески, Македонски концепт / Утрински брифинг
Петар Богојески, Македонски концепт / Утрински брифинг

Денес ќе биде поднесен составот на новата влада во Собранието, а нов премиер и министри ќе се справуваат со проблемот со Бугарија. Вчера, пак, во Бугарија се одржа Совет за безбедност на кој се разговараше за иднината на спорот со Македонија. Новиот премиер можеби и влева надеж, но претседателот Румен Радев не го менува негативниот став.

-Имам чувство дека на Бугарите им е здодевно во ЕУ и немаат што да прават со себе па ја малтретираат Македонија. Ако она што вчера го претстави Радев е компромис со новиот премиер Петков, тогаш можам да замислам кои се крајните позиции: да се самоукинеме и да нѐ ослободи бугарската армија како во 1941 година? Тоа е крајно несоодветно однесување на бугарскиот дравен врв и спроведување на политиката на Москва, вели Петар Богојески од Македонски концепт.

Кога станува збор за македонскиот јазик, токму Русија вели дека колепката на словенскиот јазик е токму Македонија.

-Станува збор за документарец кој е забранет од Путин, руската амбасада ја деманттира содржината и сето тоа е дел од дволичната политика на Русија. Бугарија иако е членка на НАТО, работи за интересите на Русија, вели Богојески за Утрински брифинг.

Тој вели дека Бугарите немаат став или го менуваат ставот секој месец за промена на македонскиот Устав за да се внесе бугарското малцинство во него.

-Според мене, Македонија треба да има граѓански устав, треба да се тргнат сите етнички заедници, а не да се дополнува со нови, вели Богојески и коментира дека нивното барање е на нивна штета. Тој додава дека целта на Бугарија е да се караат брат со брат и нивните деца родени во иста куќа, а тоа е погубно за Македонија.

-Имам чувство дека од Македонија се преговара многу погрешно, а Бучковски не е човекот што треба да го прави тоа, вели Богојески. Богојески вели дека ни е потребна стратегија изградена врз основа на визија каква Македонија сакаме во 2050 година и додава дека ние немаме друга цел освен да ја одржиме нашата државност.

Во Бугарија немаме добро презентирање на нашиот интерес туку само заштитуваме некои стари стереотипи наследени од старата федерација. Ние треба да истакнеме наша кауза, оти тие се силно исплашено општество од македонизмот.

Проследете го целиот разговор во видеото

Видео на денот