ВИДЕО | Богдановиќ е генијалец, воодушеви со маестрална асистенција

Фото: Screenshot

Богдан Богдановиќ го одигра најдобриот и најкомплетниот натпревар од почетокот на новата сезона во НБА- лигата и покажа дека на него може да се смета како шести или седми играч во ротацијата, но и блесна со еден одличен потег.

Богдановиќ во победата на Атланта од Милвоки со 119:104, учествуваше со 15 поени, два скока и пет асистенции за 25 минути поминати на теренот.

Најмногу српскиот кошаркар се истакна со генијалната асистенција за Клинт Капел кој на најдобар начин го разбра планот на Богдановиќ кога тргна кон кошот и го искористи тоа да поентира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот