ВИДЕО: Богдановиќ со најдобра партија за Атланта, Вориорси декласирани со 53 разлика!

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Богдан Богдановиќ продолжи со одличните игри во дресот на Хокси и доцна синоќа во НБА лигата го одигра најдобриот натпребар од доаѓањето во екипата.

Српскиот интернационалец во триумфот над Њу Орлеанс (126:103) беше најефикасен во редовите на Атланта со 26 поени, по седум скокови и асистенции за 33 минути игра на паркетот.

На спротивната страна за Пеликанси 21 кош беа дело на Луис, а 16 реализираше Џонсон.

Торонто со дури 53 разлика го декласираше Голден Стејт (130:77) во чии редови не настапија Стеф Кари и Дрејмонд Грин.

Прв стрелец кај Репторси беше Паскал Сијакам со 36 поени, а во поразената екипа доминираше Ендру Вигинс со 15.

НБА лига, резултати –

Торонто – Голден Стејт 130:77
Бостон – Хјустон 118:102
Њујорк – Далас 86:99
Индијана – Шарлот 97:114
Мемфис – Минесота 120:108
Њу Орлеанс – Атланта 103:126
Јута – Чикаго 113:106
Феникс – Оклахома 140:103
Портланд – Милвоки 109:127
Сакраменто – ЛА Лејкерс 94:115

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот