ВИДЕО: Бод за Пандев и Џенова, Милан подобар од Рома на „Сан Сиро“

„Росонерите“ се враќаат во трката за Скудетото/Милано, Италија/6 јануари 2022/Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Денеска во рамките од 20. коло во италијанската Серија А екипите на Сасуоло и Џенова ремизираа со резултат 1:1.

За гостите од 75 минута настапи македонскиот напаѓач Горан Пандев како замена за Дестро кој донесе водство за својот клуб уште во седмата минута. Домаќините успеа да израмни во 55 минута преку Берарди, негов деветти погодок сезонава во шампионатот.

Џенова останува на само една победа во првенството, и натаму се наоѓа во опасната зона за испаѓање, на претпоследното 19 место со 12 бодови.

Милан на својот „Сан Сиро“ славеше над Рома со 3:1, после првиот дел водеа „росонерите“ со 2:1, првите два гола за нив ги реализираа Жиру од пенал и Месијас, а намали Абрахам на пет минути до паузата.

Во 74 минута римската „волчица“ остана без еден играч на теренот поради вториот жолт картон на Карсдорп.

Тоа го искористи Милан за 3:1 преку Леао, а во самиот финиш во редовите на Рома имаше уште еден црвен картон, предвреме кон соблекувалните замина Манчини (90+3`). Во следната минута беше досуден нов пенал за домаќините, но непрецизен беше Ибрахимовиќ.

На табелата Милан е второпласиран со 45 бодови, еден помалку зад водечкиот Интер кој има меч помалку, додека Рома е седмопласирана со 32 бодови.

ВИДЕО: Спектакл на „Олимпико“, Милинковиќ-Савиќ е херојот на Лацио

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот