ВИДЕО: Бизарно и безобразно однесување на хрватскиот селектор Хорват пред новинарката

фото: EPA-EFE/Mikael Fritzon

Дефинитивно хрватскиот репрезентативен ракомет е во криза, нивната селекција не обезбеди настап на Олимписките игри во Токио, потоа го освои 15 место на минатото Светско првенство, осмо на последното Европско првенство, а сега е деветта на актуелниот Мундијал.

Селекторот на најдобрите хрватски ракометари, Хрвоје Хорват по победата над Бахреин, имаше еден неверојатен и бизарен испад. На новинарско прашање дали ќе остане на селекторската функција, Хорват почна чудно да се однесува. Ја отвори устата, но не кажа ништо, одби да одговори и покажуваше срце пред камерата.

Поранешниот хрватски репрезентативец Горан Шпрем е шокиран од ваквото однесување на селекторот.

– Не ми се допаѓа испадот на Хорват, бизарен е. Цвеба, извини, но ова е неприфатливо. Не знам што беше ова. Тој е селектор на хрватската репрезентација и тоа беше прашање на кое требаше да одговори. Било што. Ова можеби некому му е смешно, но беше безобразно – вели Шпрем.

И поранешниот олимписки и светски шампион Божидар Јовиќ беше во неверување.

– Јас сум без зборови. Тоа што го направи Хорват е лакрдија и срамота. Бламажа на селекторот кој треба да ја претставува Хрватска во светот. Замислете вакво нешто во Брисел да направи премиерот или некој од хрватските министри. Тоа би било скандал од светски размери. Не знам што да кажам, освен што се срамам во негово име. Срам да му е. И тој и сите што поставија таков лик за селектор. Ова беше бесрамно непочитување кон новинарите, јавноста и самиот ракомет. Не мора да одговараш, можеш да кажеш дека немаш коментар, но вакво нешто..Можам само да кажам дека репрезентацијата за нас одигра токму онака како што се однесува нејзиниот селектор, срамно – се зборовите на Јовиќ.

Видео на денот