ВИДЕО | Бизарните совети на Гвинет Палтроу за здравје и убавина: Актерката е демантирана од НАСА и бројни дерматолози

Profimedia
Profimedia

Познато е дека советите на холивудската актерка Гвинет Палтроу знаат да бидат крајно бизарни и дека понекогаш не би требало да се следат без претходна консултација со стручно лице. Сега пристигна уште еден од оскаровката.

„Кралицата на бизарните производи“ и методи за разубавување и за здравје, повторно се најде на удар на стручњаците, овој пат поради својата рутина за нега на кожата што ја снимила за магазинот „Вог“.

И НАСА ја демантираше актерката

Иако повеќето луѓе знаат дека советите на холивудската актерка Гвинет Палтроу знаат да бидат  бизарни и дека најпаметно би било доколку се консултирате со вашиот дерматолог околу тоа дали би ви одговарало да ги следите нејзините чекори за нега и убавина, нејзината позиција како една од највлијателните жени во филмската и забавната индустрија, секако останува непроменета.

Досега многу експерти се огласија околу советите што Гвинет ги даваше во врска со разни производи или околу самиот начин на живот, како што е диетата што помага во борбата против ковид-19. Гвинет тврдеше дека таа диета ѝ помогнала кога била заразена со коронавирусот, за што беше остро критикувана од шефот на британскиот Национален систем за јавно здравје. Своевремено реагираше и НАСА за да ја демантира славната оскаровка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)


„Палтроу манипулира со луѓето“

Сега реакциите пристигнаа откако ја сними својата утринска рутина за нега на кожата за „Вог“. Освен што експертите велат дека Гвинет манипулативно ги користи зборовите „чиста убавина“, еден детаљ особено ги налутил дерматолозите, а тоа е начинот на кој актерката нанесува крем со заштитен фактор.

Имено, актерката прво зборува за тоа колку ѝ било тешко да најде крем со заштитен фактор кој не е „токсичен“, а потоа го нанела на само на носот и под очите бидејќи „таму е местото кадешто навистина „удира“ сонцето“.

„Ве молам, не ставајте крем со заштитен фактор (СПФ) тукутака, површно. СПФ треба да биде клучен и основен дел од сечија рутина за нега на кожата за секој што не сака предвреме да остари или да добие рак на кожата“, напиша козметичарката Софи Павит на социјалните мрежи, а со неа се согласи дерматологот Џесика Вајзер, која вели дека е подобро да се претера со овој производ, отколку да се нанесува премалку и препорачува на лицето да нанесете половина лажичка крем со заштитен фактор и да го масирате лицето додека не се впие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gwyneth Paltrow (@gwynethpaltrow)

Она што исто така им пречи на дерматолозите е што Гвинет цело време ги повторува термините „токсични“, „без хемикалии“ и „чиста убавина“.

Причината е фактот дека многумина без покритие се нарекуваат брендови за „чиста убавина“ и бидејќи таквата дефиниција не постои официјално, сите можете да ги наречете „штетни“ или „токсични“ без аргументи.

„Треба да ги купувате производите кои се добри за вас и кои ви одговараат, а не да ги користите затоа што некој толку многу ве преплашил да ги купите“, заклучија дерматолозите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот