ВИДЕО: Бизарни повреди на судиите: Топка, пластична чаша во главата, нокаут…

принтскрин/јутјуб

Судиите на спортските терени не се премногу популарни, нивното присуство и начинот на кој ја делат правдата знае да предизвика бројни контроверзи и полемики во јавноста, но исто така постојат и моменти кога навивачите уживаат.

Станува збор за моменти кога судиите ќе завршат како дел од смешни клипови, но има и моменти кои не се толку смешни и забавни бидејќи и самите судии знаат да завршат со повреди.
Последната повреда се случи неодамна кога НБА судија прво го повреди зглобот на ногата, и кога се опорави доби топка директно во меѓуножјето.

Една од најбизарните повреди на судиите се случи 2017 година кога Расел Вестбрук тргна кон својата клупа и притоа ја фрли топката, која пак заврши во главата на судијата. Вестбрук поради тоа доби техничка грешка.

Натпреварот во НЦАА лигата помеѓу Ла Сејл и Вадербилт имаше необичен почеток бидејќи судијата Рик Крафорд при потфрлањето на топките доби лакот во главара од еден од кошаркарите по што падна како покосен на теренот.

Хокејот е еден од најопасните спортови и повредите се далеку посериозни. Еден од најбизарните моемнти во НХЛ лигата беше од финалето во 2012 година кога судијата се најде на патот на играчот на Њу Џерси девилс.

Линиските судиии во фудбалот се најчесто на удар на гневните навивачи кои не се согласласуваат со нивните одлуки.
На натпреварот од Лигата во Европа од 2018 година на кој играа Штурм и АЕК Ларнака, линискиот судија беше погоден со пластична чаша во главата по што заврши облиен во крв. Тој беше изнесен надвор од теренот, а неговото место го зазеде четвртиот судија.

Бизарните судиски повреди се ретки во боксот, но сепак постојат бидејќи тие често знаат да се најдат на погрешно место и наместо противничкиот боксер, судијата да заврши во нокдаун.
Еден од најбизарните моменти се случи на ЕП 2014 година кога хрватскиот боксер Видо Лончар по поразот во тешка категорија му се нафрли на судијата и брутално го претепа  додека неговиот противник избега од рингот. Лончар потоа заработи доживотна суспензија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот