ВИДЕО| Битољану: Не успеваме да ги учиме новите генерации да не се мразат – Меѓаши со кампања „Поттикни мир“

Првата детска амабасада во светот Меѓаши започна кампања на тема „Поттикни МИР”, што се фокусира на преземање акција и поттикнување промена на локално и индивидуално ниво. Кампањата ќе се одвива онлајн, преку објавување кратка поттикнувачка содржина на социјалните платформи на детската амбасада.

Целта на кампањата е да го подигне нивото на општествена одговорност, да се гради и одржува мирот, а како што порачаа од Меѓаши мирот се гради само ако прифатиме дека истиот не е во отсуство на војна, ниту моментална состојба, туку константен процес што директно зависи од нашите акции.

-Доволно е да се свртиме околу себе и да видиме дека состојбата со меѓучовечките односи и со младите и со повозрасните не е еподобрена. Дури успеваме да најдеме нови начини на поделби и на некој начин да бидеме насилни и агресивни кон другите. Состојбите сами од себе нема да се сменат нема да станат подобри. Токму затоа сакаме да поттикнеме размислување на темите што е мир, како би изгледало тоа живеење, изјави во Утрински брифинг Ана Битољану од Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

Програмата се изведува во средните училишта, но идејата не е да биде фокусирана само на учениците и ученичките и наставниот кадар во училиштата. Она што се случува на социјалните мрежи во најмала рака е загрижувачки по многу аспекти. Како да е дадена дозвола да се може да се каже , а никој да не одговара за било што, под името дека е демократија секој може да дава лажни обвинувања, омраза, поттикнување на се што не чини. Токму поради тоа, а и поради состојбата со кораната, социјалните мрежи се најдобар канал за комуницирање на овие пораки. Кампањите траат околу месец дена , но се обидуваме во текот на годината да потсетуваме, вели Битољану.

Впечаток ни е дека генерално сме заглавени и сите сме одлични во тоа што не чини, што не е добро, како не треба…Многу малку успеваме да излеземе од тоа и да речеме – ајде што понатаму, вели Битољану.

-До родителите тешко се стигнува. И заради начинот на живеење, а и заради генералната поставеност дека ова се училишни работи. Оние родители кои се заинтересирани се јавуваат сами, и обично тоа се родители кои веќе укажуваат на вредностите во општеството. Така што оние родители до кои би сакале да допреме и да им биде јасно дека сме заедно во вој процес, најчесто изостануваат, изјави Битољану.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот