ВИДЕО | Битољану: Го издадовме графичкиот роман “Уметноста на летањето” за да ги поттикнеме најмладите

Стрип книжарницата „Бункер“ го објави графичкиот роман „Уметноста на летањето“ од Антонио Алтариба и Ким. Издавачот Владимир Битољану вели дека тоа било особен предизвик во време на пандемија.

„Ние не сме во оние најпогодените дејности , но во овие месеци кога луѓето ги купуваа само најнеопходните работи, разбирливо е што не се размислуваше многу за книгите и стриповите. Иако, во вакви времиња тие претставуваат еден вентил којшто може да помогне да ги поминеме овие бизарни и тензични времиња и ако гледаме од тој аспект, би можела и понатаму да се развива таа навика за читање, која кај нас, за жал е малку замрена. Графичкиот роман „Уметноста на летањето“ е наше досега најкомплексно издание од реномираните шпански автори Алтариба и Ким. Тој сушност претставува пресвртница во историјата на графичкиот роман во Шпанија.

Ние сме исклучително задоволни што и покрај овие услови да го издадеме и што ова е негово прво објавување во регионот, иако тој е преведен на голем број јазици и има освоено многу признанија. Во овој роман се опишани сите проблематични времиња од поновата европска историја, а главен протагонист е таткото на авторот“, вели за Утрински брифинг, Битољану.

Тој додава дека со објавувањето на најзначајните наслови од светските графички романи би сакале да ја развиваат навиката за читање, а и македонските читатели да имаат можност да се запознаат со она што е светски врв во стрип издаваштвото, како и тоа што овие романи обработуваат социјално ангажирани теми кои, на многу разбирлив начин, можат да допрат до младите читатели.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот