ВИДЕО | „Битола синоќа пееше во еден глас“: Споделуваме моменти од концертот за Тоше и Аки!

битола
Дел од атмосферата на концертот „Засекогаш во срцата“ во Битола!

Синоќа во Битола се одржа концертот „Засекогаш во срцата“ посветен на нашите Тоше Проески и неодамна починатиот Аки Рахимовски.

ФОТО | Центар за култура Битола со убава вест: Концерт посветен на великаните Тоше Проески и Аки Рахимовски

Синоќешниот концерт и оној што е закажан за вечерва, се во организација на Центарот за култура Битола и Камерниот оркестар Битола.

На сцената застанаа Александра Јанева, Ламбе Алабаковски, Каролина Гочева, Виктор Апостоловски, Јана Бурчевска, Александар Тарабунов и Димитар Андоновски кои беа придружувани од прекрасниот хор и диригентот Владимир Димовски кој го водеше Камерниот оркестар.

Оддавајќи им почит на двете големи музички ѕвезди, публиката имаше можност да ужива во големите хитови на Тоше и Аки пеејќи ги во еден глас. „Дојди“, „Цреша“, „За овој свет“, „Боже не ми треба ништо друго“ и многу други…

Картите биле распродадени во рекордно време, имајќи предвид дека сè уште важат ограничувања и протоколи поради пандемијата на коронавирусот, па бројот на посетители беше ограничен.

Погледнете дел од атмосферата:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот