ВИДЕО | Битиќи: Барањето на угостителите во овој момент е тешко остварливо, нас не интересираат работниците

Соработката со ресорните министерства се уште е на задоволително ниво, нагласи вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во денешното гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

-Денеска имаме расправи за одредени програми кои се водат токму од министри од помалите политички партии. Немам поголеми проблеми од професионален аспект. Дури и дискусиите се на принципиелна основа. Јас како вицепремиер за економски и координација на економските ресори инсистирам тоа да биде на принципиелна основа според законите и владеењето на правото. Се друго што е надвор од владата, гледаме дека без разлика што се уште сме во период на криза не можеме да се воздигнеме над партиските интереси за да одговориме на потребите на граѓаните, изјави во Утрински брифинг Фатмир Битиќи, заменик претседател на Влада задолжен за економски прашања.

-Јас и премиерот неколку пати повикуваме колку што е можно побрзо да се свикаат парламентарните седници, особено оние кои се поврзани со законските решенија за одговор на кризата. Во моментов имаме пет такви законски решенија кои вчера треба да бидат донесени, а кои ќе им донесеа поволности и на грашаните и на стопанството, за жал гледаме дека се уште има превирања. Смета дека сопствениците на угостителски објекти не се социјала, туку нивните работници се тие кои нас не интересираат. Секако дека нас не интересираат и сопствениците, но ние уште на почетокот на кризата кажавме дека за нас секое едно работно место е битно и јас дента излегов да ги сослушам двете страни. Барањето на сопствениците во овој момент е тешко остварливо, а тоа е да се дозволи да се работи како ништо да не е, а второт е да ги сослушам нивните вработени кои имаат мака. Не е прашање на средства за да се обезбедат вакцини. Ние сме кажале дека ќе бидат обезбедни онолку срества колку што се потребни за да здравствениот систем функционира беспрекорно. Ние меѓудругото бевме една од првите земји кои уплатија авансно во ковакс системот, кој не профункционира онака какошто очекувавме. Тоа што системот на светско ниво не профункционира, ние треба да сме свесни дека кога си мал имаш предности и недостатоци. Првото е бидејќи си мал а тоа нечини многу, додека недостаток е дека кога си мал многу потешко доаѓаш пред големите. Имаме показател дека 10-те најбогати и најголеми земји во светот добија 70% од вакцините, а се останото требаше да се распредели на 180 други земји, рече Битиќи.

Запрашан дали нов бран би ја погодил економијата, рече дека тој е во редовен контакт со сите релевантни институции, и ако здравствената криза тоа го побара, владата е подготвена да излезе со нови мерки кон стопанството и сите засегнати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот