8 C
Скопје

ВИДЕО | Новите згради на факултетите и после 6 години не се завршени, МОН допрва ќе бара нов изведувач

Од МОН немаат конкретен одговор кога би продолжила изградбата на објектите, кога евентуално би биле завршени, туку само велат дека во план е да се најде нов изведувач, откако фирмата која ги градеше објектите отиде во стечај.

Новите згради на Факултетот за информатички технологии и Факултетот за физичко образование кои започнаа да се градат уште пред шест години, стојат недоправени и без никакви изгледи дека ќе се доградат во блиска иднина. На нив одамна веќе нема работници, ниту некакви градежни активности.

За изградба на факултетите беше задолжена фирмата „Бетон Штип“, која од јули 2019 година е во стечај, со што беше прекината работата на сите проекти. Во Скопје, покрај факултетите, штипската градежна фирма ги градеше и Офицерскиот дом и хотелот до него, лоцирани покрај Вардар на градскиот плоштад. За изградбата на новите објекти на двата факултети, Министерство за образование и наука исплаќало пари согласно сработеното, па од предвидените 13 милиони евра за ФИНКИ биле исплатени 1.750.000 евра, додека за Факултетот за физичко образование, од предвидените 7 милиони евра се исплатени 1.150.000 евра.

Прочитајте и...  Меркел бара дијалогот со Русија да продолжи

Поради непочитување на рокот за изградба на објектите за ФИНКИ и ФФСЗ, како што велат од Министерството, на изведувачот градежно трговско друштво „Бетон Штип“ во 2019 година му е активирана банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите.
Но, од МОН немаат конкретен одговор кога би продолжила изградбата на објектите, кога евентуално овие згради би биле завршени, туку само велат дека во план е да се најде нов изведувач.

– Од страна на надзорен орган направен е пресек на работите и во план е спроведување на постапка за повеќегодишна јавна набавка за избор на градежна компанија која ќе ја доврши изградбата на започнатите објекти, за што донесен е и заклучок од страна на Владата на РСМ – изјавија од МОН за „Слободен печат“.

Прочитајте и...  Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Новите објекти на ФИНКИ и ФФСЗ почнаа да се градат во декември 2015 година, како дел од проектот „Скопје 2014“. Тие требаше да бидат во барокен стил и да претставуваат решение за овие институции, кои со години опстојуваат во лоши услови или пак ги делат просториите со други факултети. Останува да се види дали изградбата наскоро ќе продолжи или студентите и понатаму ќе останат без ветените објекти.

Поврзани вести

ВИДЕО I Русија ја активира северната флота: Целта е да се заземат стратешките точки на Арктикот по секоја цена

Слободен печат

Повторно се тресеше Хрватска: Земјотрес е забележан и во Словенија

Слободен печат

ВИДЕО I Заврши судењето за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд: Војска и хеликоптери низ улиците на САД, Дерек Шовин е виновен

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: 12-годишно девојче oд Велес, брутално нападнато од својата врсничка додека останатите гледаат и снимаат со телефон

Слободен печат

Кинеската вакцина е 93 отсто ефикасна во спречување на хоспитализација: Не е забележам ниту еден смртен случај

Слободен печат

Вработен во казино играл со пари што ги извадил од апарати, „се покрил“ со 5.000 службени евра

Слободен печат

Остави Коментар