ВИДЕО: Било да е журка или перформанс, казни за забавата без маски и дистанца пред Музејот на современа уметност

Откако на социјалните мрежи осамнаа видеа и фотографии од синоќешната луда журка на која свој настап имаше диџеј и продуцент пред Музејот на Македонија, на која присуствувале голем број посетители на биеналето на уметници, кои не носеле маски ниту пак биле на безбедна дистанца, МВР најави казни за низата прекршоци кои се евидентни.

Така, се најавуваат казни за непочитувањето на мерките за заштита од ковид-19, имајќи предвид дека според важечките мерки, забави со диџеј сè уште се забранети.

Директорката на Музејот на современа уметност, Мира Гаќина за А1он, вели дека настанот, кој е дел од соработката со Музејот на Македонија, бил најавен и организиран според протоколите, а диџејот не правел журка туку имал перформанс.

Музичкиот перформанс пред Музејот на Македонија e дел од 13. Меѓународно биенале на млади уметници „Страст за лутање“ кое почна во средата во Музејот на современа уметност, продолжи во четвртокот во Природонаучниот музеј, а денес имаше изложба во Управата за хидрометеоролошки работи со музички перформанс, овојпат на џез составот „Светлост“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот