ВИДЕО | Бил Гејтс со нова книга: „Како да се спречи следната пандемија?“

Бил Гејтс / Фото/ ЕПА

Милијардерот Бил Гејтс е автор на новата книга „Како да се спречи следната пандемија“ (How to Prevent the Next Pandemic), која треба да биде објавена на почетокот на мај оваа година.

Во најавата на ова дело, тој порачал дека верува дека пандемијата на коронавирусот може да биде последната пандемија, без разлика колку тоа изгледа невозможно поради моменталните околности.

Тој истакнал дека коронавирусот јасно ставил до знаење дека приоритет мора да биде елиминирање на заканите кои би можеле да ја предизвикаат следната пандемија.

Како што вели, тој ја следел пандемијата на коронавирусот од нејзиниот почеток и, работејќи со експерти, научил многу за оваа пандемија. Тој посочува дека со книгата сака да го сподели она што го слушнал од оние со кои соработувал, за да придонесе за спречување на појава на нови пандемии.

„Во книгата се осврнав на конкретните мерки што можеме да ги преземеме, не само за да ја запреме пандемијата, туку и како да обезбедиме подобра здравствена заштита на луѓето ширум светот“, вели ко-основачот на Мајкрософт.

Тој истакнал и дека книгата, меѓудругото, ги содржи неговите разговори со главниот американски инфектолог Ентони Фаучи и директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејсус.

Гејтс заклучува дека со правилен избор и инвестиции, пандемијата на коронавирусот може да биде последната пандемија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот