ВИДЕО | „Би го направил сето тоа одново бидејќи плугот одеше право кон мојот внук“: Трогателно интервју на Џереми Ренер

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

По тешката несреќа, која ја доживеа чистејќи снег, актерот Џереми Ренер успешно закрепнува. Во своето прво интервју откако беше буквалнно „згмечен“ машина за чистење снег тешка 6.500 килограм, актерот вели дека би го направил тоа повторно бидејќи тоа му го спасило животот на неговиот внук.

За време на несреќата во која едвај преживеал, Ренер се здобил со повреди опасни по живот, а 30 коски му биле смачкани. Покрај тоа, тој се здобил со колабирано белодробно крило, скршено ребро и пробиен црн дроб.

Џереми Ренер во својата болничка соба / Фото: Фото: Инстаграм/Џереми Ренер

Актерот му помагал на својот внук да го извлече автомобилот од длабокиот снег кога се случил инцидентот. Машината наеднаш изгубила контрола и се упатила кон неговиот внук Александар. Ренер се обидел да седне во возилото во обид да го запре, кога одеднаш бил вовлечен под него.

Дијагнозата му беше „затворена градна траума и ортопедски повреди“.

52-годишниот актер беше прегазен од машина тешка 6.500 килограми поради која скршил повеќе од 30 коски.

Фото: Инстаграм

Во текот на интервјуто актерот не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за несреќата во која се здоби со тешки повреди опасни по живот.

„Се сеќавам на се. Бев буден во текот на сето тоа“ – откри Ренер.

Ренер се обидувал да користи плуг за снег за да му помогне на својот внук да го извлече автомобилот од длабокиот снег во близина на неговиот дом, но заборавил да ја стави сопирачката кога излегол од возилото за да му помогне. Плугот потоа почнал да се тркала кон внукот на Ренер, а кога актерот истрчал да се обиде да се врати внатре и да ја контролира машината, тој бил повлечен под неа и смачкан.

„Би го направил сето тоа одново бидејќи плугот одеше право кон мојот внук“ – откри тој.

Интервјуто на ABC содржи снимка од повикот на 911 по несреќата во која се слуша како внукот на актерот ја известува полицијата дека има многу крв. Внукот на Ренер потресен рекол дека мисли дека неговиот вујко е мртов.

Џереми Ренер
Џереми Ренер / Фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

„Избрав да преживеам. Тоа нема да ме убие, никако. Изгубив многу крв и коски во ова искуство, но бев наполнет со гориво – со љубов и титаниум“ – рече Ренер.

Неговиот внук признал дека мислел дека Ренер е мртов.

„Го гледав во локва крв што му се излева од главата. Истрчав кон него, не мислев дека е жив“ – рекол неговиот внук.

Џереми Ренер на Инстаграм: Скршив 30 коски во несреќата при чистење на снег

ВИДЕО | „Спа момент за подигнување на расположението“: Џереми Ренер полека се опоравува

Конечно дома: Џереми Ренер е пуштен од болница

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот