ВИДЕО | Безос: Следниот месец ќе патувам во вселената

Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Џеф Безос најави дека тој и неговиот брат Марк Безос ќе летаат во вслената следниот месец.

„Од својата петта година сонував да патувам во вселената. На 20 јули ќе тргнам на тоа патување со својот брат“, објави Безос на Инстаграм.

Браќата ќе летаат со првиот лет за луѓе на вселенското летало Њу шепард, кое беше направено од компанијата за истражување на вселената на Безос, Блу Ориџин.

„Сакам да одам на овој лет, бидејќи тоа е работа која сакав да ја направам целиот живот. Тоа е авантура, голема работа за мене“, рече Безос, моментално вториот најбогат човек на светот во видеото објавено на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

На Безос ќе му се придружи и неговиот брат, како и победникот на јавната лицитација за место на летот, пренесува американската ТВ мрежа Си-Ен-Би-Си.

Системот на вселенското летало „Њу Шепард“, односно ракетата која ја носи капсулата до работ на вселената, досега изведе повеќе од десет успешни пробни летови без патници.

Ракетата и капсулата се дизајнирани така што можат да пренесуваат шест патници на висина над 100 километри.

Датумот 20 јули се поклопува со обележувањето 52 години од мисијата „Аполо 11“ за слетување на површината на Месечината.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот