ВИДЕО | Без голови првото полувреме помеѓу Македонија и Ерменија, Елмас ја пропушти најголемата прилика

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

По првите 45 минути во рамки од второто коло на Арената „Тодор Проески“ во натпреварот помеѓу Македонија и Ерменија видовме шанси, но не и погодоци.

Натпреварот започна со наша иницијатива, но знаеше да се закани и Ерменија, иако македонските фудбалери беа поконкретни во шансите за гол.  Најголемата прилика за нас ја пропушти Елиф Елмас во 21. минута кога по една контра и додавањето од Енис Барди излезе „еден на еден“ со противничкиот голман Чанчаревиќ кој го одбрани неговиот удар.

Следната добра прилика за Македонија ја пропушти Енис Барди на истекот од 30. минута кога се обиде со нешто помеѓу шут и центар шут да го загрози противничкиот гол.

Тие две прилики останаа и најголемите, па на пауза се замина со нерешен резлултат, Барди во финишот се закани и со удар од далечина, но тој удар заврши над голот. Во финишот од првиот дел, Ѓоко Зајков заработи втор жолт картон за приговор и предвреме го заврши натпреварот.

Ќе потсетиме, селекторот Благоја Милевски мораше да менува уште во второата минута кога се повреди Дарко Чурлинов, а на негово место влезе Лирим Ќамили.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот