ВИДЕО | Без дупчиња: Со овој одличен трик, хулахопките веќе нема да се кинат така лесно
Еден од најчестите проблеми на жените се хулахопките, кои лесно се кинат, што знае да создаде незгодна ситуација доколку немате резервни во момнетот.
Една мајка сподели едноставен трик со кој може да се продолжи животот на хулахопките, кои често лесно се кинат. Инфлуенсерката по име Цагана, која често споделува трикови и совети во животот на социјалните мрежи, открила метода што го олеснува облекувањето хулахопки со помала веројатност да се скинат. Таа вели дека го научила трикот на часот по танц на нејзината ќерка и го споделила на својот Инстаграм профил со натпис: „Девојки мајки, ова може да ви заштеди многу пари!
Во видеото Цагана ја прикажува постапката: прво ставете хулахопките во сад наполнет со вода додека целосно не се потопат, а потоа нежно промешајте, извадете ги, исцедете го вишокот вода и ставете го во пластична кеса. Потоа оставете ги хулахопките во замрзнувач 24 часа. Следниот ден ги вадите, повторно ги плакнете со вода и внимателно ги растегнува со рацете.
„Ова е неверојатно“, вели Цагана, „Хулахопките стануваат три пати посилни! Дури и компанијата за хулахопки ‘Snag’ го поддржува овој трик, изјавувајќи: „Замрзнувањето на хулахопките може да ги направи поиздржливи и да спречи кинење!